Македонија

Македонија именувана како Скопје во временска прогноза на грчката ТВ Мега

„То Понтики“ за тоа го впери прстот во презентерот Јанис Калијанос, кој е и пратеник на владејачката Нова демократија

Осум години по потпишувањето на Преспанскиот договор во јавна употреба во Грција и понатаму се среќава именувањето на Македонија како Скопје, што може да се види од телопот за временската прогноза на тамошната телевизија Мега.

За разлика од другите грчки соседи Албанија, Бугарија и Турција, за кои се користат тие имиња, само за северниот сосед телевизијата го употребува широко распространетото обраќање од времето пред потписот во Нивици со користење на името на македонскиот главен град.

За тоа неделникот „То Понтики“ го впери прстот во презентерот на временската прогноза на ТВ Мега, Јанис Калијанос, кој е и пратеник на владејачката Нова демократија на актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис!

„Гледајќи ја промената на времето, случајно наидовме на прогнозата на Јанис Калијанос вчера, каде што тој објави и мапа со дождовите. На неа највнимателниот би забележал дека – очигледно намерно – направил грешка што е секако популарна кај најдесничарската публика.

На мапата, која го претставува речиси целиот Балкан, тој ги пишува сите земји со нивните имиња, освен една, Северна Македонија, која ја наведува како… Скопје, главниот град, кој пред околу 20 години беше широко користен како име на соседната земја.

Потсетуваме дека Калијанос, кога беше потпишан Преспанскиот договор, рече дека ќе продолжи да ја нарекува соседната земја ‘Скопје’“, пишува во написот насловен „Калијанос е срам: Продолжува да ја нарекува Северна Македонија’Скопје’“.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска Давкова: Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите

Ја повтори минатогодишната желба – детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! 

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја

Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта.

Македонската поетеса Кристина Краличин севкупна победничка на меѓународен поетски конкурс во Сараево, меѓу 177 пристигнати дела

Дијамантска повелба за песната „Dvoje ne moraju jedno postati“ на четвртиот Меѓународен фестивал на поезијата „Most pjesnika 2026“ во Босна и Херцеговина

To top