Тема: Собрание на Македонија

Советот на јавни обвинители испрати до Владата позитивни мислења за Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристовска, Ненад Савевски и Лидија Раичевиќ

Советот на јавните обвинители ги разгледа пријавите на петте кандидати за нов државен јавен обвинител. Дадено е позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ. Разгледувајќи ја кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, Советот на јавните обвинители едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител, или како судиja од областа на кривичното право.

Шасивари: На влезот на Собранието, покрај христијански фрески, треба да има и фрески од џамии, а во пленарната сала и стихови од Куранот!

„За да се спречи доминацијата на христијанската над муслиманската вера со помош на државата и со цел Собранието на Македонија да ги претставува подеднакво сите граѓани, почитувајќи ја мултирелигиозната реалност, треба да се додадат на муралниот мозаик: ‘Кругови на цивилизацијата’ во пленарната сала на Собранието и првите стихови од Светиот Куран: ‘Читај! Во името на твојот Господ кој создал’! Но, треба да се изработат и да се додадат на главниот влез на Собранието и три нови фрески од најстарите џамии во Македонија: од Султан Муратовата и Мустафа-пашината џамија од Скопје, како и од Шарената џамија во Тетово!“ – нагласува во своја колумна д-р Јетон Шасивари, професор по уставно право од Штуловиот универзитет во Тетово и доскорешен заменик-член на меѓународната експертска правна Венецијанска комисија.

„Тетова сот“: Пратеникот Демири ја напушта АА на Села, заради создавање „координиран опозициски блок“ во Собранието и „посилна рамнотежа кон владата“

Поранешниот министер за здравство Илир Демири ќе дејствува како „независен пратеник“ во Собранието на Македонија, или остварува политички маневар, диктиран од ДУИ и Али Ахмети, да се „зголемела политичката и институционалната тежина на опозицијата“ во законодавниот дом, поправо со прикриена цел да им се фрли „појас за спасување“ на Али Ахмети и неговите „интегративци“ во обид да го одбегнат натамошното политичко тонење кон дното?!

To top