Тема: сообраќај

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

Сообраќајците и казните „втеруваат“ ред и спасуваат животи: во декември приведени 132 безобѕирни возачи, а казнети 728 пијани возачи!

Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на декември 2025 година евидентирани се 5.515 прекршоци за неправилно паркирање, 2.010 мерки се изречени за возачи, што управувале возило без возачка дозвола, како и 728 казни за возење под дејство на алкохол.

Покрај во авионскиот, маглата прави проблеми и во патниот сообраќај

Од УХМР најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Градоначалниците со декларација за намалување на сообраќајните несреќи со жртви

Конференцијата има цел да поттикне размена на знаења, добри практики и поефикасна меѓуинституционална координација, со цел побезбеден сообраќај за учесниците. Во рамки на конференцијата, тој посочи дека градоначалниците со потпишување на заедничка декларација ја изразуваат посветеноста за намалување на сообраќајните несреќи и загубата на човечки животи.

Скопје започнува нова ера – ќе има подземна сообраќајница во центарот на градот

Скопје започнува нова ера во урбаната инфраструктура, подземната сообраќајница на булевар Македонија ќе ги растовари метежите и ќе воведе современи решенија според европските стандарди.

Расте бројот на жртви на патиштата – Каде исчезна безбедноста во сообраќајот?!

На магистралниот пат Градско – Прилеп, кај селото Радобил, загинаа двајца – едниот на 31, другиот на 56-годишна возраст, потврди полицијата. Несреќите се чести и на градските улици, а професорите алармираат – најголем дел од сообраќајките се резултат на човечки фактор, грешки или пропусти коишто ги прават активните чинители во сообраќајот.

To top