Тема: топ

Премиерот најавува инвестиции за туристичкиот центар ,,Попова Шапка”

Премиерот потврди дека се договараат грандиозни инвестиции и дека се развива поширок концепт за центарот, со повеќе скијачки патеки отколку многу од големите алпски центри. Дел од планот е и изградба на нова жичарница од Тетово до Попова Шапка, која би овозможила работа на центарот 365 дена во годината, а не само во зимската сезона.

Поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија – почна тестирањето на системот е-фактура

Во Министерството за финансии отпочнати се активности за воведување нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретни даночни постапки, со кој ќе се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници, оневозможување субјективизам во одлучување на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуваат во судски постапки. Дополнително заедно со УЈП ќе се отпочне и со дизајнирање на внатрешен механизам за контрола на квалитет во рамки на самата управа.

Онлајн трговијата зема се поголем замав и во Македонија, за само девет месеци бележи раст од 30%

Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал  2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2  проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност.

(Видео): Граѓаните што платиле данок на доход во странство да поднесат доказ до УЈП

Од тие 6 600 граѓани, 2 200 самите го пресметале и го пријавиле данокот, а за 4 400 граѓани се донесени решенија по службена должност и вкупно утврдениот данок е околу 186 000 000 денари, односно околу 3 милиони евра за 2020 година.

To top