Свет

Мачадо: Апсењето на Мадуро е огромен чекор за слободата и достоинството

Во интервју за „Фокс њуз“, Мачадо истакна дека на новата привремена претседателка Делси Родригез – поранешна потпретседателка на Мадуро – „не може да ѝ се верува“.

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо го оцени апсењето на Николас Мадуро како „огромен чекор за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“. Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за акцијата во Венецуела.

Во интервју за „Фокс њуз“, Мачадо истакна дека на новата привремена претседателка Делси Родригез – поранешна потпретседателка на Мадуро – „не може да ѝ се верува“.

Мачадо, која лани месеци се криеше од властите, ја напушти Венецуела минатиот месец за да ја прими Нобеловата награда за мир, доделена за нејзината борба против, како што го опиша Норвешкиот Нобелов комитет, диктаторскиот режим. Таа оттогаш не се вратила во земјата.

Изјавата на Мачадо дојде неколку часа откако Мадуро се изјасни за невин пред федералниот суд во Њујорк по обвиненијата за трговија со дрога и оружје. За време на 30-минутното сослушување, Мадуро се прогласи за „киднапиран претседател“ и „воен заробеник“, истакнувајќи дека „сè уште е претседател“ на Венецуела.

Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес беа заробени во нивниот комплекс во Каракас на 3 јануари 2026 година и префрлени во САД во операција на американските специјални сили.

Овие изјави ја продлабочуваат поларизацијата околу настаните во Венецуела, каде што опозицијата гледа можност за демократска транзиција, додека поддржувачите на Мадуро ја осудуваат акцијата како странска интервенција.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top