Тема: Трубарево

Скрининг на населението од Трубарево – некои граѓани дополнително ќе се испитуваат на Клиниката за Пулмологија

Гушење во градите, кашлање, втроглавица. Ова се симптопмите на кои се жалат мештаните на кои денеска им беше извршен скриниг во скопско Трубарево. Голем од пациентите по извршениот преглед – се препратени на Клиниката за Пулмологија.

Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на честичките PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Обвинителите и полицијата влегоа во опожарениот објект за отпад во Трубарево

Во бели скафандери, со заштитни маски на лицата, истражители и обвинители влегоа во изгорениот магацин во Трубарево.  Се фотографираа и се снимаа остатоците  со дрон, се земаа примероци. Се собираат докази на лице место, но се истражува како се проширил до степен да го загади цело Скопје. Се бараа докази која била иницијалната каписла за […]

Продолжен притворот за нови 48 часа за четворицата осомничени во врска со пожарот во Трубарево

Основниот кривичен суд Скопје денеска одреди нови 48 часа притвор за четирите лица осомничени за кривично дело поврзано со големиот пожар што избувна во сабота во складиштето за рециклирање електронски отпад на компанијата „Ф-Групација“ (соработник на „Нула Отпад“) во скопското село Трубарево, општина Гази Баба

Колку навистина е загаден воздухот во Трубарево по пожарот?!

Силна миризба која пробива низ заштитните маски се уште има низ празните улици низ Трубарево. Дел од жителите побарале прибежште и чист воздух на друго место. Оние ретките, кои останаа таму, поделени – за едните мирисот најмногу се чувстувал утрово, а другите велат дека се навикнати и веќе не го чувстуваат мирисот.

Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап и без аргументи создаваат магла и лажни скандали околу наводна хаотична, или недоволна реакција

Остра реакција на Марија Митева, портпаролката на Владата на Република Македонија, во врска со тврдењата на СДСМ и неговиот лидер Филипче околу случувањата со пожарот во Трубарево.

Гиновска: Дали има присуство на тешки метали од пожарот во Трубарево ќе се знае в петок

Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски информираше дека наредната недела треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, коишто вчера ги поставиле во скопско Трубарево.

(Видео): Пожарот во Трубарево го изгасивме за помалку од 30 часа, институциите делуваат и ќе се справиме, рече премиерот

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните, рече премиерот.

Министерот Тошковски најави длабока истрага за пожарот во Трубарево

По хаваријата што се случи во саботата со палењето на магацините за електронски отпад во Трубарево, на терен се екипи од повеќе институции, а конултирани се и странски експерти, бидејќи Македонија прв пат се соочува со ваков вид еколошка катастрофа, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

To top