Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!
Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.