Тема: Украина

Медведев: Русија да го окупира поголемиот дел од Украина ако Запад продолжи да ѝ помага

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди дека Русија ќе го окупира поголемиот дел од Украина доколку Западот продолжи да ѝ помага. Вчера Медведев повика на создавање тампон-зона под руска контрола што ќе ја покрива речиси цела Украина, со исклучок на релативно мала територија во регионите Волин и Лвов по должината на […]

Трамп: Путин потполно го изгуби умот!

„Не знам што му е. Што по ѓаволите му се случи? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, изјави американскиот претседател за новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон. Забелешките на Трамп беа како одговор на руските воздушни напади врз украинските градови во текот на ноќта […]

Лавров: Украина не смее да има прозападна влада

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара секој иден мировен договор во Украина да вклучува спречување во иднина Украина да има прозападни влади, објави Институтот за проучување на војната (ISW). На 23 мај, Лавров повика на избегнување на „повторување на она што ги донесе пучистите на власт преку крвава револуција“, осврнувајќи се на протестите […]

Трамп: Ова не е моја војна

Украина, Русија и САД сигнализираа дека се подготвени за преговори во Ватикан, откако новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти предложи Ватикан да биде домаќин на нова средба и преговори. За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп синоќа изјави дека преговорите во Ватикан „би биле одлична работа“ и дека таквата локација „дополнително би ја нагласила […]

Зеленски: Нема да ги повлечеме украинските трупи од украинските територии

Ова го нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски, потенцирајќи дека доколку Русија инсистира на повлекување на украинските војници од окупираните територии, тоа е сигнал дека Моква не сака мир. „Ова е моја уставна должност, ова е должност на нашата војска, да го браниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Да, сега има окупирани територии поради агресија. […]

Трамп денес ќе се слушне со Путин за крај на војната во Украинa

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна. Војната во Украина е најсериозниот конфликт меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза […]

Русија со 273 беспилотни летала ја нападна Украина

Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на целосната инвазија во 2022 година, објавија украинските власти. Во нападот, кој започна во недела навечер, загина 28-годишна жена во регионот на Киев, а најмалку три лица беа повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, објави Ројтерс. Според украинските воздухопловни сили, до 8:00 часот […]

Трамп утре ќе се слушне со Путин

Кремљ потврди дека утре ќе се одржи телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. „Разговорите се подготвуваат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија руски новински агенции. Претходно, Трамп објави на платформата Truth Social дека ќе разговара со Путин по телефон во понеделник, а потоа и со Зеленски. „Тема на разговорот ќе биде да […]

Трамп: Да не заглавеше во кал со тенковите, Путин за 5 часа ќе беше во Киев

Американскиот претседател со уште едно видување за руско-украинската војна која започна пред три години: „…Не заборавајте, ова требаше да заврши за една недела. И да не се заглавеше во калта со своите тенкови, ќе беше во Киев за околу пет часа“, рече Доналд Трамп мво интервју за Фокс љуз. Тој повтори дека само тој лично […]

Москва: Украина да се повлече од анектираните руски области

Русија постави строги услови за прекин на огнот во Украина, вклучувајќи повлекување на украинските сили од окупираните територии и откажување од финансиски побарувања., објави агенцијата Блумберг. Според информациите, руската делегација, предводена од Владимир Медински, ја повикала Украина да прифати трајна неутралност, што исклучува присуство на странски трупи и оружје за масовно уништување на нејзина територија. […]

Трамп сака да се сретне со Путин

Претседателот на САД, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина кои моментално се одржуваат во Турција.. „Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп. Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом можат да го договорат тоа. […]

Путин не оди на преговори со Украина

Преговорите за евентуален крај на војната во Украина ќе се одржат денес во Турција. Зеленски се упатува кон Истанбул, но како што е најавено, ниту Путин ниту Трамп нема да бидат таму. Кремљ синоќа ги откри членовите на делегацијата што ќе учествува во директните преговори со Украина, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир […]

To top