Свет

Русија најавува нова есенска офанзива во Украина

Генерал-полковник Валериј Герасимов, командант на руската армија, објави дека инвазијата во Украина ќе продолжи со нови цели за есенската офанзива, и покрај зголемените апели од Западот за започнување преговори.

Генерал-полковник Валериј Герасимов, командант на руската армија, објави дека инвазијата во Украина ќе продолжи со нови цели за есенската офанзива, и покрај зголемените апели од Западот за започнување преговори.

–Во моментов, нападите се во тек на целата линија на фронтот. Денеска ги дефинираме задачите на поединечните групи на вооружените сили за есенскиот период – изјави Герасимов.

Тој тврди дека руските сили моментално контролираат 99,7% од Луганската област, 79% од Доњецк, 76% од Херсон и 74% од Запорожје. Како услов за прекин на огнот, Москва бара целосно повлекување на украинските сили од Доњецк.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли овие барања, нагласувајќи дека Украина нема да ги предаде Славјанск и Краматорск, кои се клучни одbranбени центри на истокот.

Од друга страна, рускиот преговарач Кирил Дмитриев ги обвини западните сојузници на Киев дека со „нереални барања“ го продолжуваат конфликтот. – ЕУ мора да престане да го попречува мировниот процес – рече Дмитриев.

Москва досега ја отфрла можноста за распоредување европски војници во Украина за надзор на потенцијален мировен договор, додека европските лидери тврдат дека Кремљ само добива време за подготовка на нови напади.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top