Тема: ВРЕДИ

Вреди: Новиот закон за правична застапеност затвора поглавје на политичка измама

Коалицијата Вреди објави дека новиот закон за правична и соодветна застапеност претставува крај на долгогодишната политичка манипулација со ова прашање, кое две децении се користело како слоган и алатка за уцена.

Бејта и Лимани ќе се тркаат за Гостивар, за Центар Жупа не се пријавил ниту еден кандидат

Ноќеска на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за повторните локални избори за градоначалници во четири општини во кои не се избраа градоначалници на редовните избори поради недоволна излезност на гласачите.

„Порталб“: Ќе продолжи преименувањето на улиците во Тетово, но македонските партии се против тоа

„Преименувањето на улиците во Тетово не беше завршено за време на општинската администрација 2021/25 година и беше прекинато непосредно пред годинашниве локални избори. Општина Тетово вели дека процесот ќе продолжи таму каде што застана. Албанската опозиција прашува: дали градоначалникот Билал Касами ќе има политичка моќ да ја направи оваа промена? Македонските партии не ги променија своите ставови: искажуваат спротивставување.“ – пишува во анализата, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Мицкоски: ВРЕДИ нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, имајќи предвид дека тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина.

Коалицијата Вреди ќе одлучува меѓу Касами и Меџити за нов лидер

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во гостувањето на „Директно“ на ТВ Телма практично потврди дека идниот лидер на коалицијата ВЛЕН – ВРЕДИ ќе се избира меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

To top