Македонија

ВРЕДИ: ДУИ го „исцеди“ и го уништи Сарај

По повеќе од еден месец работа, вистината за тоа како беше уништена Општина Сарај сега е пред граѓаните, велат од Коалицијата

„Близу 4 милиони евра долгови, сомнителни договори и нерегулирани трошоци се наследството што го пронајде градоначалникот Мухамед Елмази. Ова не е изолиран случај, туку модел на лошото владеење на ДУИ со години секаде каде што имало власт без контрола и без отчетност. Сарај е најчистиот пример за начинот на кој ДУИ управувала со општините, без ред, без одговорност и со логика дека институциите се третираат како лични феуди на нивните групи“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

Оттаму вела дека денес, Сарај започнува од нула, со финансиски ред, со целосна транспарентност и со администрација што работи само за граѓаните.

„ВРЕДИ го поддржува секој чекор на градоначалникот Елмази за документирање на злоупотребите и испраќање на сите случаи до надлежните органи. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена. Граѓаните на Сарај ќе ја видат разликата помеѓу она што ДУИ го остави зад себе, долгови, сомнителни договори и хаос, и она што носи ВЛЕН, ред, одговорност и јавна служба“, велат од коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top