Мицкоски: Железницата ја враќаме на шините на развојот, со вложувања во набавка на електрични локомотиви!
„Преку Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија обезбедени се пари за капитални проекти, со кои ја поставуваме железницата таму каде што и е местото – како клучна врска меѓу Балканот и Европа. Ова не се изолирани проекти. Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата. Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра. со кој е предвидена набавка на електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт.