Бизнис

Ќе добиеме ли конечно пруга од Скопје до Софија?!

Македонија и Бугарија ја потврдија посветеноста за изградба на железничка врска од Скопје до Софија, преку Коридорот 8 до 2030 година. Оваа сериозна инвестиција е важна како за двете држави, така и за сите земји кои ќе циркулираат преку оваа железничка делница.

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија, еден од најдискутираните инфраструктурни проекти во регионот, повторно е во фокусот на институциите, со планови да биде реализирано до крајот на оваа декада. На 4 март 2026 година, во Министерството за транспорт и врски на Бугарија се одржа средба меѓу амбасадорката на Македонија Агнеза Руси Поповска и бугарскиот министер за транспорт Корман Исмаилов, на која се разговараше за напредокот на проектите долж Коридорот 8.

На средбата двете страни ја потврдија посветеноста за изградба на железничката врска меѓу Македонија и Бугарија, која се смета за стратешки инфраструктурен проект за подобро регионално поврзување.

Клучен чекор: Договорот за тунелот

Како значаен напредок беше поздравено ратификувањето на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел, кој беше одобрен од парламентите на двете земји. Овој чекор овозможува реално започнување на следната фаза од проектот.

Во продолжение е предвидено формирање на Заеднички комитет, кој ќе биде предводен од заменик-министрите за транспорт од двете земји. Неговата задача ќе биде координација на подготовките, изградбата и идното функционирање на железничкиот тунел и поврзаната инфраструктура.

Соработка за реализација на Коридорот 8

На средбата беше нагласена и конструктивната соработка меѓу институциите на Северна Македонија и Бугарија, која се смета за клучна за непречено спроведување на проектот. Железничкото поврзување преку Коридорот 8 се смета за важен чекор за подобрување на транспортот, економската соработка и регионалната интеграција на Балканот.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

Најнови вести

To top