Македонија

За бугарскиот рапер Устата, Македонија и Бугарија се „еден народ“ како Русија и Украина!

Нова провокација за „браќата“ од „уметникот“ од источниот македонски сосед

Иван Динев-Устата, бугарски рапер што предизвика жестоки реакции во Македонија пред две години со навредливата песна за неа, повторно „се истакна“ за истата тема во интервју за тамошниот весник „Труд“.

Прашан дали гледа оптимистички за односите со Македонија, Устата со одговор: „Се разбира дека гледам, зошто нашите народи не се мразат. Исто така, јас не ги мразам граѓаните на Северна Македонија, но се бунтувам против нивните т.н. политичари кои всадуваат омраза кон нас кај дел од граѓаните – оние кои ги повредуваат Бугарите. Генерално, Македонија и Бугарија се еден народ, како Русија и Украина“.

Во својата т.н. песна од 2023 година Динев рапува за „малечка провинција со големи амбиции, која пораснала со бугарски традиции“, „со бугарски корени се сите дрва до 1945 година“, „македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот“ итн.

За него, Македонија била територија, а не држава…

 

Поврзана содржина

 

,,Устата” си го доби заслуженото за навредите кон Македонците и Македонија

Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер ,,Уста” (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Соработката со САД продолжува: Савески разговараше со Никол Варнс за приоритетите на обвинителството

На средбата беше договорено во следниот период соработката да продолжи преку обуки, размена на искуства и заеднички активности за понатамошно јакнење на транспарентноста и ефикасноста на Јавното обвинителство.

Со законски измени пензионирани лекари ќе можат да работат до 70 години, бидејќи здравствениот систем нема доволно кадри!

Министерот за здравство Азир Алиу при посетата на Општата болница со проширена дејност во Дебар најави законски измени со кои пензионираните лекари и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70-годишна возраст. Тој истакна дека здравствениот систем се соочува со недостиг на кадар, особено лекари и медицински сестри, поради што искуството на пензионираните здравствени работници е од големо значење.

To top