Македонија

Вчера полицијата казни 46 возачи на електрични тротинети

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи евидентираа вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила. Така, по […]

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи евидентираа вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

Така, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 182 прекршоци, за неправилно паркирање 197 санкции, додека пак 64 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Покрај ова, вчера за 27 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 24 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, а изречени се 49 мерки за возачи на мотоцикл заради неносење заштитен шлем, информираа од МВР.

Дополнително, евидентирани се шест случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 46 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети за сторени сообраќајни прекршоци и се соочени со законски предвидените глоби, додека пак од сообраќај се отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.

Согласно пак Законот за возила вчера беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 11 по основ на возила коишто не биле регистрирани.

Најнови вести од: Македонија

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top