Македонија

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Драмата се заканувала да се претвори во невидена трагедија во моментите кога силното и разбранувано море почнало да го влече семејството во длабочините. Откако мајката панично почнала да вреска и да повикува на помош, младото момче од  Македонија без нималку двоумење скокнало во водата.

Прво ја извлекол жената, која била во најголема паника.Веднаш потоа се вратил по детето и безбедно го донел на брегот. На крајот успеал да го извлече и таткото, со што успешно завршила оваа неверојатна спасувачка мисија.

Сите присутни на плажата во Олимпијада го испратиле младиот битолчанец со силен и долготраен аплауз за неговиот херојски чин. Сите заедно седнале во ресторан за „оддолжување“ и едно големо „благодариме“.

Јасна Николовска, мајка на Михаил Николовски

Веста за ова неверојатна спасувачка мисија на младиот битолски херој прва ја објавила вчера, на 8 септември 2026 година неговата мајка Јасна Николовска на својот фејсбук-профил.

„Денеска на плажата морето збесна со огромни бранови. Едно семејство од Бугарија беше однесено од брановите. Жената панично почна да бара помош. Од цела плажа скокна син ми Михаил, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му ракоплескаше. Ова го пишувам со плачење, од бескрајна среќа во каков човек израсна Михаил. Да живеат Република Македонија и нејзините синови!“ – истакна гордата мајка во својата објава на општествената мрежа.

Невидената драма со среќен крај се случила на плажата во Олимпијада, познато приморско туристичко село, кое се наоѓа во североисточниот дел на полуостровот Халкидики во Грција.

Михаил Николовски

Михаил Николовски е ученик во средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

Најнови вести од: Македонија

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top