Архива за: 25.06.2025

МПЦ-ОА со сочувство до Антиохискиот патријарх и осуда за нападот врз црквата „Свети Илија“ во Дамаск

Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) му изрази сочувство на Јован Десетти, патријарх Антиохиски и на целиот Исток, за настраданите во вчерашниот терористички напад во црквата „Свети Илија“ во Дамаск, во кој бомбаш-самоубиец уби најмалку 20 и повреди 52 присутни на литургијата. „Со неизмерна болка и длабока душевна тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад […]

Шефот на иранската дипломатија стигна во Москва на средба со Путин

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вечерва пристигна во Москва, каде што утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со други функционери за да разговара за ситуацијата на Блискиот Исток по нападите на САД и Израел врз Иран. „Абас Арагчи пристигна во Москва на разговори со претседателот и со други високи […]

Македонија деветта во Европската златна лига во одбојка

Со максимална победа од 3:0 над Црна Гора во Струмица, машката одбојкарска репрезентација на Македонија го освои деветтото место во Европската златна лига во конкуренција на 12 селекции, оставајќи ги зад себе Хрватска, Летонија и Црна Гора. До својот 47. триумф во 80. настап во Европската лига, „црвено-жолтите“ дојдоа како подобри во сите три сета […]

Нов обид за удар врз македонскиот идентитет – премиерот апелира за силна поддршка од ЕУ парламентот

Македонија повеќе нема да молчи за вистината. Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака. Тој откри дека добил вознемирувачки информации за координирани обиди во Брисел повторно да се атакува врз македонскиот јазик и идентитет. – Успеавме да го амортизираме ударот кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик – изјави Мицкоски, нагласувајќи дека […]

Експлозија во православна црква во Дамаск, најмалку десетмина загинати

Најмалку десетмина загинаа, а 20 лица се повредени во експлозија во црквата „Мар Елија“ во сирискиот главен град Дамаск. Православната црква наводно била нападната од бомбаш-самоубиец за време на литургија. Графичките снимки што кружат на интернет покажуваат дека внатрешноста на црквата претрпела значителна штета, со осакатени тела и големи локви крв внатре. По експлозијата следеле […]

Ќе се реши ли хаосот на скопските Клиники со привременото паркинг-решение?!

Ќе се решава хаосот со паркингот на скопските Клиники. Од 1 јули вработените освен на постоечкиот паркинг на Клинички, ќе може да паркираат и во комплексот „Лимак“, најави министерот за здравство, Азир Алиу. Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските Клиники, и привремено ќе се ублажи пробелмот со паркирањето. Според министерот, на […]

Иранскиот парламент изгласа затворање на Ормуцкиот теснец, се чека одобрение од Ајатолахот

Парламентот на Исламската Република Иран донесе одлука да се затвори Ормуцкиот теснец, преку кој поминуваат околу 20 проценти од светските потреби за нафта и гас. Одлуката, сепак, не е извршна и ќе чека потврда од Иранскиот врховен совет за национална безбедност, со кој, според Уставот, претседава претседателот на државата. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али […]

Израел благодарен на Трамп за нападот врз Иран

Во Тел Авив, главниот град на Израел, осамнаа големи постери со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп. „Ви благодарам, господине претседателе“, пишуваше на постерите, заедно со фотографијата на Трамп и позадината од американските знамиња по нападот на САД врз Иран. Во раните утрински часови, САД извршија напад врз три ирански нуклеарни објекти – Фордоу, Натанц […]

Баран да лежи во Шутка, дивеел во хотел во Лазарополе

Скопјанец со иницијали К.Ж.(29), синоќа бил лишен од слобода откако по инцидент што го предизвикал во хотел во Лазарополе, било констатирано дека бил баран за одлжување затворска казна. На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, […]

Израел го затвори небото, македонските државјани да се евакуираат со брод

Mакедонските државјани кои се наоѓаат во Израел засега не можат да бидат евакуирани по воздужн пат откако денеска по иранскит напади, израелските власти забранија летови, соопшти денеска македонската амбасада во Израел. „ Во моментов нема услови за авионска евакуација преку аеродромот во Тел Авив. Ги информираме граѓаните дека постои алтернативна морска рута од Ашдод до […]

Ројтерс: Нападите врз Иран – најризичниот коцкарски потег на Трамп

Со својата без преседан одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки на Иран, директно приклучувајќи се кон воздушниот напад на Израел врз неговиот регионален најголем непријател, американскиот претседател Доналд Трамп направи нешто што долго време ветуваше дека ќе го избегне – воено да интервенира во голема странска војна, оценува Ројтерс. Драматичниот американски напад, вклучително и таргетирањето […]

“Вистинска парада на гордоста” во Битола

“Вистинска парада на гордоста” по четврти пат се одржа синоќа низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани, јави порталот Битола.њуз. Парадата има за цел да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… истакнаа организторите. „Сакаме да го оствариме нашето право, а тоа […]

To top