Македонија

Ќе се реши ли хаосот на скопските Клиники со привременото паркинг-решение?!

Ќе се решава хаосот со паркингот на скопските Клиники. Од 1 јули вработените освен на постоечкиот паркинг на Клинички, ќе може да паркираат и во комплексот „Лимак“, најави министерот за здравство, Азир Алиу. Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските Клиники, и привремено ќе се ублажи пробелмот со паркирањето. Според министерот, на […]

Ќе се решава хаосот со паркингот на скопските Клиники. Од 1 јули вработените освен на постоечкиот паркинг на Клинички, ќе може да паркираат и во комплексот „Лимак“, најави министерот за здравство, Азир Алиу. Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските Клиники, и привремено ќе се ублажи пробелмот со паркирањето. Според министерот, на овој начин се решава еден од најитните проблеми за метежот со паркирањето во најголемиот здравствен комплекс во земјава.

Освен проблемот со паркирањето на возила по тротоарите и тревниците на клиниките, комплексот Макја Тезера се уште нема дигитални табли со мапи, за полесно ориентирање на пациентите и информации за слободни паркинг места. Уште наредната недела министерот ќе има средба со професори од Финки факултетот, се со цел да се вклучат студенти и магистри и да изработата апликација која ќе биде корисна за граѓаните при нивното доаѓа на клиника.

Министерот најави и дека во рамки на Клинички центар ќе се постават информтивни табли на кои ќе пишува колку паркинг места има пред одредена клиника. Во моментот, на Клиничкиот центар има околу 700 легални паркинг-места, но дневно таму се паркираат над 2.000 возила, што доведува до хаотична ситуација и небезбедно паркирање по тротоари и тревници.

Што се однесува до здравството кое со години е во пад и според методите на лечење и според апаратурата што ја користи, министерот вели дека е потребна стратегија и реформи.

Инаку, со години наназад комплексот Клиники на Водњанска го има овој проблем.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top