Македонија Свет

Израел го затвори небото, македонските државјани да се евакуираат со брод

Mакедонските државјани кои се наоѓаат во Израел засега не можат да бидат евакуирани по воздужн пат откако денеска по иранскит напади, израелските власти забранија летови, соопшти денеска македонската амбасада во Израел. „ Во моментов нема услови за авионска евакуација преку аеродромот во Тел Авив. Ги информираме граѓаните дека постои алтернативна морска рута од Ашдод до […]

Mакедонските државјани кои се наоѓаат во Израел засега не можат да бидат евакуирани по воздужн пат откако денеска по иранскит напади, израелските власти забранија летови, соопшти денеска македонската амбасада во Израел.

„ Во моментов нема услови за авионска евакуација преку аеродромот во Тел Авив. Ги информираме граѓаните дека постои алтернативна морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар), преку компанијата „Mano Shipping“, соопштија од Амбасадата.

Можност за заминување од Израел е бродот „Crown Iris“, кој според планираното треба да отплови од Ашдод на 27 јуни (петок) во 12 часот, и има капацитет од 1.500 патници. Картите може да се купат директно преку веб-страницата на „Mano Shipping“.

„Ги повикуваме сите македонски државјани кои немаат валиден пасош да се јават во Амбасадата за издавање на патен лист“,  апелираат од дипломатската мисија во Тел Авив.

Најнови вести од: Македонија Свет

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Стефаноски: СДСМ, западнат во очај и хистерија, го гледа како млада невеста „потенцијалот“ на комшијата, а не на сопругот дома! (ВИДЕО)

Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

Најнови вести

To top