(Фото): Бразилската публика со македонски знамиња и овации го поздрави настапот на Симон Трпчески
Бразилската публика со овации ги поздрави сите изведби, а вистински куриозитет беа и македонските знамиња во публиката. На топлиот прием нашиот пијанист возврати со изведби на бис – од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од МАКЕДОНИСИМО. Концертите со своето ангажирано присуство ги поддржа и Претседателот на македонско-бразилската стопанска комора, Луис дел Вале.