Живот на кредит – за што граѓаните најмногу се задолжуваат?!
НБРМ укажува дека и кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечна основа задолженоста на домаќинствата пораснала за 1,2 отсто, додека пак на годишна за 10,3 проценти. Бројките покажуваат дека најголем интерес меѓу нашите сограѓани имаат за потрошувачките и станбените кредити.