Архива за: 14.12.2025

Работи радарот на скопскиот аеродром, според премиерот лага е дека е вон функција

Си работат радарите, сè си е функционално. Сè си функционира нормално, рече премиерот Мицкоски, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно шири дезинформации и создава непотребна паника кај граѓаните.

На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има К-15 за сите во државните институции, тврди премиерот

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите тековни расходи, а не како датум за затворање на трезорот. Целта е, вели тој, исплатите да се завршат навреме и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година.

Зеленски нуди компромис: Се откажуваме од членство во НАТО!

Украина се откажа од својата амбиција да се приклучи на воениот сојуз на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин. Овој потег означува голема промена за Украина, која се бореше да се приклучи на НАТО како […]

To top