Бизнис

На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има К-15 за сите во државните институции, тврди премиерот

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите тековни расходи, а не како датум за затворање на трезорот. Целта е, вели тој, исплатите да се завршат навреме и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година.

Буџетот е ликвиден, пари има за сите обврски и за исплата на К-15. Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли како „неточни и небулозни“ тврдењата дека државниот трезор ќе биде затворен на 15 декември поради недостаток на средства. Мицкоски појасни дека станува збор за исклучиво организациска мерка со која институциите се повикуваат навреме да ја доставуваат потребната документација, со цел да се прекине досегашната пракса на завршување на обврските во последен момент.

  • „На 15 декември не се затвора трезорот… Ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за ред“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека рокот не е краен, но дека мора да се напушти функционирањето „во 5 до 12“, што во минатото доведувало до незавршени обврски. Мицкоски исто така потврди дека ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции, со што дополнително ги демантираше шпекулациите за наводни финансиски проблеми.

Во однос на обвинувањата од СДСМ, тој оцени дека тезите се неосновани и небулозни, додавајќи дека целта на Владата е воспоставување финансиска дисциплина, а не создавање паника кај граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top