Мицкоски: Нема пазарење со македонскиот идентитет, ниту преговори за него и јазикот, тоа нашата клучна црвена линија! Доста беше!
Европската Унија да донесе јасен заклучок дека билатералните прашања нема да бидат дел од процесот на интеграција, побара премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека македонскиот идентитет, јазик и култура мора да бидат потврдени како константа што не може да се отвора за преговори. Според него, тоа е клучната црвена линија без која нема натамошни отстапки од македонска страна и инсистира „црно на бело“ да биде вградена во европските заклучоци. „Нема цена, нема слава, нема моќ, што може да ме убеди дека без овие работи, ќе прифатиме што било. Ова е нашата црвена линија. Сите треба да нè слушнат гласно и јасно: Нема пазарење со идентитетот наш македонски. Доста беше!“ – решителен е Мицкоски.