Македонија

Samsung Galaxy S26 FE: Најновото премиум Galaxy искуство, фокусирано на она што е најважно

Првиот уред од серијата Galaxy S26 што доаѓа со One UI 9, Galaxy S26 FE ги комбинира напредните можности на камерата со најновата Galaxy AI

Компанијата Самсунг („Samsung“) денес го претстави Galaxy S26 FE, најновиот член на семејството Galaxy S26 и првиот уред од оваа серија што доаѓа со One UI 9, носејќи ги најновите премиум Galaxy иновации до повеќе корисници, уште од првиот ден. Со унапредени можности на камерата и уште попаметна Galaxy AI која подобро го разбира контекстот, Galaxy S26 FE го унапредува начинот на кој корисниците секојдневно снимаат, создаваат и се поврзуваат. Создаден околу она што корисниците најмногу го ценат, во тенок и лесен дизајн, Galaxy S26 FE го продолжува препознатливото Galaxy S искуство.

„Galaxy S26 FE е внимателно дизајниран да ги понуди препознатливите предности на Galaxy S серијата, осигурувајќи дека секоја функција прави вистинска разлика во секојдневниот живот на корисниците“, изјави Џеј Ким (Jay Kim), Извршен потпретседател и директор на Одделот за корисничко искуство во Дивизијата за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) при “Samsung Electronics“. „Со омилените Galaxy искуства во камерата и вештачката интелигенција, надополнети со најновиот One UI 9, Galaxy S26 FE се издвојува како идеален избор за оние кои точно знаат што им е најважно.“

Поостри фотографии, полесно уредување

Galaxy S26 FE нуди уште поспособно искуство со камерата[1], од снимање до уредување, благодарение на унапредената тројна задна камера и напредната обработка на слика, кои им помагаат на корисниците да ги доловат и усовршат најважните моменти, без разлика дали снимаат мирни сцени или брза акција.

  • My FanCam[2], за првпат претставена со најновите Galaxy уреди на преклоп, сега е достапна и на Galaxy S26 FE. Функцијата автоматски ја следи избраната личност и ја задржува во центарот на кадарот, интелигентно приспособувајќи го видеото додека сцената се движи, овозможувајќи им на корисниците лесно да ги претворат динамичните моменти во содржина подготвена за споделување на социјалните мрежи со минимално рачно уредување.
  • За видео, Super Steady[3] со функцијата Заклучување во хоризонтална положба (Horizontal Lock), една од омилените функции кај корисниците на Galaxy S26, помага да се снимат поглатки и постабилни видеа при снимање активности со брзо движење, патувања и секојдневни моменти во движење.
  • Galaxy S26 FE поддржува 3x оптички зум, што им овозможува на корисниците со поголема сигурност да фотографираат од поголема далечина. За селфи фотографии, унапредената предна камера од 12 MP[4] овозможува повеќе да собере во секој кадар, правејќи ги групните фотографии уште полесни за креирање.
  • Функцијата Nightography, препознатлив белег на Galaxy S серијата, им помага на корисниците да снимаат светли и јасни фотографии при слаба осветленост, при што деталите остануваат зачувани дури и во најпредизвикувачките услови[5].
  • Дури и откако моментот ќе помине, функцијата Photo Assist[6] го олеснува уредувањето на фотографиите со користење природни текстуални команди, од промена од ден во ноќ, додавање нови елементи или обновување на делови што недостасуваат. Дополнително, измените може да се прегледуваат чекор по чекор и во секој момент да се ревидираат или поништат.
  • Со Gemini Omni[7], корисниците лесно можат да креираат и уредуваат видео клипови на основа на фотографии и видеа од нивната Галерија, претворајќи ги во средени видеа подготвени за споделување.

AI Искуства, секогаш еден чекор понапред

Благодарение на најновиот One UI 9, уредот Galaxy S26 FE нуди низа интуитивни и контекстуално свесни Galaxy AI[8] функции кои го олеснуваат секојдневниот живот, приспособувајќи се на навиките на корисниците за да ги одржуваат информирани и организирани. Исто така, се справува со секојдневните задачи побрзо и поефикасно во име на корисниците.

  • Унапредената Now Brief[9] функција, за првпат претставена со серијата Galaxy S25, сега е уште поперсонализирана, благодарение на приспособливите картички за известувања, како временска прогноза и здравствени увиди. Корисниците сега можат да креираат сопствени картички со едноставна текстуална команда, правејќи ја функцијата Now Brief уште порелевантна во текот на целиот ден.
  • Функцијата Now Nudge[10] е проширена и на избрани апликации и известувања од трети страни, нудејќи навремени и релевантни предлози во уште повеќе ситуации во текот на денот, помагајќи им на корисниците полесно да ги претворат информациите во конкретни активности и поедноставно да управуваат со секојдневните рутини.
  • Функцијата Circle to Search со Google[11] сега им овозможува на корисниците истовремено да пребаруваат повеќе елементи во една слика, што го олеснува препознавањето производи, места, предмети и многу повеќе во само еден чекор.

Создаден за да биде во чекор со твојот ден

Galaxy S26 FE носи значајни подобрувања кај секојдневните функции на кои корисниците најмногу се потпираат, вклучувајќи долготрајна батерија и светол дисплеј создаден за работа, забава и креативност од утро до вечер.

  • Долготрајната батерија од 4.900 mAh[12] им овозможува на корисниците подолго користење на уредот, притоа задржувајќи го тенкиот и префинет дизајн на серијата Galaxy S26. Корисниците може да достигнат до 69% полна батерија со полнење од околу 30 минути со адаптер од 45W[13], брзо полнејќи се и останувајќи поврзан подолго време.
  • 6,7-инчниот AMOLED дисплеј[14] со до 120Hz стапка на освежување обезбедува гладок и имерзивен визуелен приказ со осветленост, резолуција и јасност за стриминг, гејминг, прелистување и креативна работа.

Корисниците кои ќе го изберат Galaxy S26 FE како свој следен уред ќе ја почувствуваат моќта на Galaxy искуството уште од првиот ден. Подобрена Smart Switch функција овозможува уште полесно поставување на новиот уред, правејќи го преминувањето на Galaxy едноставно и пријатно. Во меѓувреме, долгорочните софтверски надградби обезбедуваат дополнителна сигурност со текот на времето.

  • Унапредената Smart Switch[15] функција го прави преминувањето на Galaxy полесно од кога било. Без разлика дали корисникот преминува од Android или iOS уред, доволно е да скенира QR код за безжично да ги префрли своите податоци, од лозинки и passkey клучеви до историја на повици, поставки за пристапност и eSIM податоци, без дополнителни апликации и со помалку време потребно за поставување.
  • Galaxy S26 FE е создаден да трае, со до седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања[16], овозможувајќи им на корисниците со години да уживаат во најновите функции со целосна сигурност.
  • Бесплатниот пробен период од 6 месеци за Google AI Pro[17] ќе им овозможи на корисниците проширени можности со вештачка интелигенција и 5 TB простор на облак (cloud), со вкупна вредност од 525,10 денари.

Заедно, овие подобрувања ги обединуваат Galaxy искуствата на кои корисниците се потпираат секој ден во еден внимателно дизајниран уред.

Достапност

Galaxy S26 FE ќе биде достапен почнувајќи од 4 септември на избрани пазари, во нијанси на Боровинка, Графитна и Ф’стак боја.[18]

За повеќе информации за Galaxy S26 FE, посетете ги страниците: “Samsung“ Новости, “Samsung Mobile Press“ или Samsung.com.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

 

ТАБЕЛА СО СПЕЦИФИКАЦИИ

Galaxy S26 FE
Екран 6,7 инчи FHD+

Динамичен AMOLED 2X Дисплеј

120Hz стапка на освежување (60/120Hz)

1.900 нити

Димензии и тежина 161,6 x 76,9 x 7.4, 193g
Камера 12MP Ултра-широка камера

·         F2.2, FOV 123˚

50 MP Широка камера

·          OIS F1.8, FOV 84˚

8 MP Телефото камера

·         3x Оптички зум, До 30x дигитален зум, OIS F2.4, FOV 32˚

12MP Предна камера

·         F2.2, FOV 85˚

Процесор  Exynos 2500 (3nm AP)
Меморија и простор за складирање 8 + 128GB

8 + 256GB

8 + 512GB

* Опциите за складирање и достапноста може да варираат во зависност од операторот, земјата или регионот. Вистинската достапност на простор за складирање може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер..
Батерија 4.900 mAh
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е проценета просечна вредност, земајќи ја предвид девијацијата во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4,755 mAh. Вистинскиот век на траење на батеријата може да варира во зависност од мрежната околина, начинот на користење и други фактори.
Полнење*   45W жично полнење *: До 69% наполнета батерија за околу 30 минути, со адаптер од 45W**

15W Брзо безжично полнење***

Безжично PowerShare споделување на енергија****

*Кабелското (жично) полнење е компатибилно со QC2.0 и AFCPD.
**Адаптерот за напојување од 45 W се продава одделно. Користете само полначи и кабли одобрени од Samsung.
***Безжичното полнење е компатибилно со WPC.    
****Ограничено на паметни телефони од Samsung или други брендови со Qi безжично полнење, како што се Galaxy Z Fold8, Galaxy Z Flip8, серија S26, Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7, S25 edge, серија S25, Galaxy Z Fold 6, Z Flip6, серија S24, Z Fold5, Z Flip5, серија S23, Z Fold4, Z Flip4, серија S22, Z Fold3, Z Flip3, серија S21, Z Fold2, Note20 Ultra, Note20, серија S20, Z Flip 5G, Z Flip, Note10+, Note10, S10 5G, S10+, S10, S10e, S10 Lite, Fold, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE и Note5. Достапно само со одредени уреди од серијата Samsung Galaxy, како што се Galaxy Buds3, Buds3 Pro, Buds FE, Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Galaxy Watch Ultra, Watch6, Watch5, Watch 5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Ако нивото на батеријата е пониско од 30%, Wireless PowerShare може да не функционира. Може да не работи со одредени додатоци, футроли, уреди од други брендови или некои Samsung уреди за носење. За време на PowerShare, може да влијае на приемот на повици или на услугите за податоци, во зависност од вашата мрежна околина.
Оперативен систем Android 17

One UI 9

Мрежа и поврзаност  5G,* LTE,**, Wi-Fi 6E,*** Wi-Fi Direct, Bluetooth® v 5.4
*Потребна е оптимална 5G мрежна конекција, достапна во одредени пазари. Проверете кај вашиот оператор за достапност и детали. Брзините на преземање и стриминг може да варираат во зависност од давателот на содржина, конекцијата со серверот и други фактори.    

**Достапноста на LTE моделот варира во зависност од пазарот и операторот. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничката околина.    

Отпорност на вода IP68*
* Отпорен на вода и прашина врз основа на лабораториски тест-услови за потопување во свежа вода до 1,5 метри длабочина до 30 минути. Исплакнете ги остатоците/исушете по влажење. Не се препорачува за употреба на плажа или во базен. Отпорноста на вода и прашина на вашиот уред не е трајна и може да се намали со текот на времето. Отпорноста на вода и прашина исто така може да се намали со текот на времето поради нормалното абење и трошење.  
Бои Боровинка, Графитна, Ф’стак*
*Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот, регионот или операторот.

 

 

[1] Во споредба со Galaxy S25 FE.

[2] Функцијата My FanCam бара најавување со Samsung Account. Достапноста може да варира во зависност од видеото. Не е поддржана доколку нема субјект што треба да се следи. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[3] Резултатите од Super Steady може да варираат во зависност од начинот на уредување и/или условите на снимање.

[4] Споредба на Galaxy S26 FE со Galaxy S25 FE. (FOV 80˚)

[5] Споредба на Galaxy S26 FE со Galaxy S25 FE. Резултатите може да варираат во зависност од условите на осветлување и/или условите на снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, нефокусирани или подвижни субјекти.

[6]За Photo Assist може да бидат потребни мрежна врска и најавување на Samsung сметка. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Користењето на Photo Assist може да резултира со промена на големината на фотографијата. При зачувување, врз излезната слика се додава видлив воден жиг за да се означи дека сликата е генерирана со помош на вештачка интелигенција. Не се гарантира точноста и веродостојноста на генерираниот резултат.

[7] Gemini Omni бара подобен Google AI Pro претплатнички пакет. Galaxy S26 FE вклучува шестмесечен пробен период за Google AI Pro за подобни корисници. Достапноста на понудата, периодот за активирање, поддржаните функции и условите за претплата може да варираат во зависност од земјата, регионот, јазикот, моделот на уредот и корисничката сметка. По истекот на пробниот период може да се применуваат трошоци доколку претплатата не биде откажана. Google AI Pro и Gemini Omni се трговски марки на Google LLC.

[8] За користење на одредени AI функции може да биде потребно најавување со Samsung Account. Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции во однос на точноста, целосноста или сигурноста на резултатите добиени преку AI функциите. Достапноста на Galaxy AI функциите може да варира во зависност од земјата, регионот, верзијата на оперативниот систем/One UI, моделот на уредот и мобилниот оператор.

[9]Функцијата Now Brief бара најавување со Samsung Account. Достапните функции и можности може да варираат во зависност од земјата, регионот, јазикот, моделот на уредот и апликациите. Некои функции може да бараат мрежна врска. Персонализираната содржина на известувањата се заснова исклучиво на личните информации за кои корисникот дал согласност. Точноста на генерираните резултати не е загарантирана..

[10] Функцијата Now Nudge бара најавување со Samsung Account. Достапните функции и можности може да варираат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Прикажувањето предлози на екранот моментално е достапно со Samsung Messages и одредени апликации за пораки од трети страни, вклучувајќи Google Messages, Google Chat, KakaoTalk, LINE, Signal, Tango, NTT Docomo Message и KDDI Message. Врз основа на достапноста во моментот на лансирање на производот. Може да се промени без претходна најава. Споделувањето фотографии преку Now Nudge функционира преку анализа на достапната содржина на сликите. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[11] Circle to Search е трговска марка на Google LLC. Достапна е на избрани уреди и бара интернет конекција. Функционира во компатибилни апликации и површини. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Проверете ја точноста на добиените резултати.

[12] Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност претставува проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 4.900 mAh за Galaxy S26 FE.

[13] Galaxy S26 FE поддржува жично полнење до 45 W. Адаптер за напојување од 45 W се продава одделно. Користете само полначи и кабли одобрени од Samsung.

[14] Мерено дијагонално, екранот на Galaxy S26 FE изнесува 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,6 инчи земајќи ги предвид заоблените агли; реалната видлива површина е помала поради заоблените агли и отворот за камерата.

[15] За жичен пренос од Android™ уреди, уредот што ги прима податоците мора да има Android™ 6.0 или понова верзија, а уредот што ги испраќа податоците мора да има Android™ 6.0 или понова верзија. Преносот може да се изврши и без кабел преку безжична конекција. За безжичен пренос, уредот што ги прима податоците мора да има Android™ 6.0 или понова верзија, а уредот што ги испраќа податоците мора да има Android™ 6.0 или понова верзија. Отворете ја апликацијата Smart Switch Mobile во „Settings“ на Galaxy уредот што ги прима податоците или преземете ја Smart Switch Mobile апликацијата од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите што може да се префрлат може да варираат во зависност од начинот на пренос. За жичен пренос од iOS, уредот што ги прима податоците мора да има Android™ 17 или понова верзија и One UI 9 или понова верзија, а уредот што ги испраќа податоците мора да има iOS 26.6 или понова верзија. Преносот може да се изврши и без кабел преку безжична конекција. За безжичен пренос, уредот што ги прима податоците мора да има Android™ 17 или понова верзија, а уредот што ги испраќа податоците мора да има iOS 26.6 или понова верзија. Достапноста на преносот на eSIM може да варира во зависност од операторот. Детална листа на поддржани оператори е достапна на https://samsung.com/esim-support.

[16] Galaxy S26 FE ќе поддржува седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања, сметано од датумот на глобалното лансирање. Времето на објавување на надградбите на оперативниот систем и безбедносните ажурирања може да варира во зависност од моделот на уредот, мрежниот оператор и пазарот.

[17] Gemini е заштитен знак на Google LLC. Важат услови. Со претплатувањето, се согласувате со условите за Google One, кредитите за вештачка интелигенција и понудите. Понудата завршува на 1 август 2027 година во 23:59 часот по тихоокеанско време. Достапна е само за лица над 18 години. Освен ако не се откаже порано, Google One ќе наплаќа 19,99 долари месечно по завршувањето на пробниот период. Откажете во секое време. Враќањето на купениот уред може да резултира со откажување на претплатата. Погледнете ги целосните услови на https://one.google.com/.

[18] Достапноста на бои може да варира во зависност од земјата или операторот.

Најнови вести од: Македонија

Костадиновски: Нема „чувствителни“ и „недопирливи“ предмети за Уставниот суд, кој одлучува со правни аргументи, без политички и етнички влијанија!

Довербата на граѓаните, независноста на судството и отвореноста кон јавноста се клучни за јакнење на улогата на уставните судови, порача претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на регионалната конференција посветена на прашањето како да се зголеми довербата во уставните судови. Конференцијата, која се одржува денеска и утре, 16 и 17 септември, е посветена на независноста, транспарентноста, отвореноста кон јавноста и разбирливоста на судските одлуки.

Манасиевски: За кубење коса 4 години затвор, за 150 ќебапи 3 години, а одговорност нема за „Ласкарци“ и „Модуларна“ со 30 мртви, ниту за „Мазут“!

„Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор.За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност.“ – реагира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Тошковски за истрагата за фалсификуваните возачки дозволи: Судството со казни да спречи вакви кривични дела, а не да одлучува како во минатото!

Вкупно 27 лица опфати истрагата за фалсификувани возачки дозволи, против кои е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба, а министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски синоќа во интервју за МТВ нагласи дека сега на потег се Обвинителството и Судот, кои, како што рече се надева дека ќе донесе законита и праведна одлука, која превентивно ќе делува во иднина.

Финансиска полиција: Тројца осомничени за измама за околу 300 илјади евра, кои ги „переле“ преку пилешки копани!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, „Измама“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ и „Даночно затајување“.

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи – командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

Најнови вести

To top