Од 24 до 27 август АХВ примила повеќе од 100 пријави од граѓани за пронајдени угинати птици. Не е секоја угината птица погодна за тестирање на западнонилска треска. Досега се добиени два позитивни лабораториски резултатиа– еден од угината птица пронајдена во Скопје и еден од птицата, пронајдена во Ресен.
– Зошто е ова значајно? Многу видови птици се засегнати од вирусот. Гавранот е една од птиците која е засегната и може да пцовиса од вирусот. И важно е затоа што гавранот е, генерално, стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето мртов гавран може да укаже на локална циркулација на вирусот на западнонилската треска. Ние веднаш го известивме Центарот за јавно здравје – Битола и градоначалникот на општина Ресен да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да пристапат кон прскање по индикации – рече министерот.
Тој информира дека уште две птици од Скопје се во моментот во фаза на тестирање.
– Би сакал да апелирам до граѓаните да не даваат лажни пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство, капацитетите се ограничени и би замолил граѓаните да се фокусираат на вистински пријави. Фокусот да биде на гаврани поради нивната стационарност и можеме да ја употребиме за моментно лоцирање нови ризични подрачја. Во моментот ќе издадеме мерки за претпазливост во општина Ресен, и кон матичните лекари и кон Општината, во врска со дејствата што треба да бидат преземени. Ќе следиме понатаму како се развива ситуацијата и соодветно ќе реагираме – појасни министерот.
На новинарско прашање во однос на случај со жена во инвалидска количка, Клековски одговори дека стручниот надзор е завршен и оти би сакал лично да ја посети пациентката во текот на следната недела за да побара дозвола од неа за соопштување делови од стручниот надзор, оти, вели, сепак се работи за лични податоци.