Македонија

Мицкоски: Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на Кос не се однесуваше на Македонија

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Работиме на реформската агенда и ќе направиме се да бидеме најдобри на тој план како и досега.“ – нагласува премиерот Христијан Мицкоски.

„ Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици, коишто се пред нас не само како држава, туку и пред Европската Унија. Изјавата на еврокомесарката Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Имаме апсолутно целосна доверба во Европската Унија, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија- Србија.

Тој додаде дека Владата работи на реформската агенда, на исполнување на реформите.

„Во декемврискиот извештај бевме најдобри, очекувам истото да биде и во јунскиот извештај. Продолжуваме во таа насока и во периодот што следи. Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови, ние ќе си го оствариме и ќе бидеме најдобри. И сме најдобри. Така што продолжуваме во тој правец“, рече македонскиот премиер.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top