Македонија

Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места се потсетник на вредностите, кои нè обединуваат – почитта кон минатото и одговорноста кон идните поколенија!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Потоа премиерот на својот службен фејсбук-профил објави: Денес го посетив манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка место со длабоки духовни и историски корени, кое со векови е дел од македонската традиција и културно наследство.

 

 

Нашите свети места се потсетник на вредностите што нè обединуваат верата, достоинството, почитта кон минатото и одговорноста кон идните генерации.
Да го чуваме и почитуваме она што ни е оставено во наследство, порача претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски од денешната посета на манастирот„Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Најнови вести од: Македонија

To top