Бизнис

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните, оцени директорот на секторот за производство и член Управниот одбор на АД ЕСМ Зоран Коњановски на панелот „Рударство, развој и животна средина: Како до рамнотежа?“, одржан во рамките на Советувањето со меѓународно присуство ПОДЕКС–ПОВЕКС во Охрид.

Според него, преминот кон почиста енергија мора да ги земе предвид потребите

на економијата и можностите на енергетскиот систем.

„Индустријата има потреба од стабилна енергија во секој момент. Во сегашните
услови, за тоа ни е потребен јаглен, но тоа не значи дека треба да ја уништуваме
животната средина. Патот кон зелената енергија е еволуција, не е дисконекција.
Треба постепено да го менуваме начинот на производство на енергија, без
последиците од тој процес да ги почувствува индустријата“, рече Коњановски.

Еден од предизвиците на зелената транзиција е токму зависноста на новите
енергетски технологии од минералните суровини. За производство на соларни
панели, ветерни турбини и друга инфраструктура за обновлива енергија
неопходни се бакар, метали и други минерални суровини, чие ископување и
преработка бараат стабилно снабдување со енергија. Затоа стратегијата за развој
на рударството мора да оди заедно со технолошкиот развој, примена на
современи технологии и поефикасни процеси, подобар мониторинг на влијанијата
врз околината и одговорно управување со природните ресурси.

„Ние мора да имаме еден најмал заеднички содржател, а тоа е дека нема
компромис со природата. Ако сакаме развој, ако сакаме енергија, ако сакаме
живот, ако сакаме младите да не ни заминуваат од државата, ние треба да имаме
производство, треба да имаме рудници, и треба да имаме енергија“, истакна
Коњановски.

Покрај инвестициите во нови технологии и енергетски капацитети, неопходни се и
ефикасни механизми за контрола на индустриските активности, кои ќе обезбедат
почитување на законите, еколошките стандарди и вклученост на граѓаните.

На последните измени на Законот за животната средина, кои дополнително ги
зајакнуваат механизмите за информирање и вклучување на граѓаните, се осврна и
заменик-министерката за животна средина, Ане Лашкоска.

„За да направиме чекор напред, мора сите заедно да работиме на доследно
почитување на законските регулативи. Економскиот развој не смее да се
остварува на штета на животната средина и здравјето на граѓаните“, посочи
Лашкоска.

За енергетската транзицијата кон почисти извори ќе бидат важни конкретните
инвестиции, роковите за новите капацитети и резултатите од еколошките
контроли.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Најнови вести

To top