Македонија

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпишал продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

Кога ќе се спојат сите три дела од сложувалката, целата милионска операција на ДУИ излегува на виделина

Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, како заклучок на седница на Влада на која присуствувале Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши. Откако во изминатите денови јавноста виде како сватот на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ земал кредит од 5 милиони евра директно од Белград, за потоа да му ги продаде акциите во битолската банка на притворениот српски тајкун Давор Мацура, денес го објавуваме третиот, крунски доказ, наведува ВРЕДИ во соопштението од прес-конференцијата на Саранда Имери Стафаи.

„Пред вас се два официјални државни документи: Записникот од 158-та седница на Владата одржана на 6 јуни 2023 година и објавена одлука во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни 2023 година. Еве како функционирала државно-партиската машинерија на Али Ахмети: На 6 јуни 2023 година се одржува 158-та седница на Владата, со која претседава Првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски. На масата седи комплетниот политички и економски врв на ДУИ: министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши. Под Точка 5 од дневниот ред, токму во овој состав, се разгледува Информацијата за продажба на акциите во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот и под заклучок број 6 се носи Одлука за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола! И погледнете кој се потпишува на оваа одлука: во „Службен весник“ број 123, под Одлуката број 41-3733/8 за продажба на акциите на Стопанска банка АД Битола, стои лично потписот на десната рака на Али Ахмети — Артан Груби.

Кога ќе се спојат сите три дела од сложувалката, целата милионска операција на ДУИ излегува на виделина: Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесува па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката“ велат од ВРЕДИ.

Од партијата ги прашаа Али Ахмети, Фатмир Бесими и Бујар Османи:

„Дали уште на 6 јуни 2023 година, кога Артан Груби ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, во врвот на ДУИ веќе бил направен планот банката да се подготви за преземање од страна на белградската „Алта банка“? Дали улогата на Груби, Бесими и Османи во Владата била институционално да ги ослободат државните акции за продажба, додека семејната мрежа на Али Ахмети преку „АС Сењак“ ги окрупнува приватните пакети акции и зема милионски кредити од Белград?“.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

Кекеновски: До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон РМ?! Дали е за нив Михајлова само средство за политички притисок?!

До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон Македонија? До каде се подготвени да одат одредени бугарски институции во својата политика кон Македонија и што навистина се крие зад нивната толку често повторувана приказна за добрососедството? Дали зад дел од приказните за заштита на Бугарите во Македонија се крие организирано политичко и медиумско влијание, во кое најверојатно учествуваат и структури на бугарските безбедносни служби? – прашува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „До каде ќе одат бугарските власти со непријателската политика кон РМ?“, која ја објави „Курир“.

Најнови вести

To top