Хроника

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

Лицето било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти, како противуслуга за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Она што го прави случајот особено сериозен е сомнението дека станува збор за практика во која раководното лице барало и примало парични средства за позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти, обкави „Курир“.

Најнови вести од: Хроника

„Мислеше дека е мртва и сакаше да се ослободи од нејзиното тело“, тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица“, наведува мајката

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Гасен пиштол со рамка пронајден кај ученик (15) во средно училиште во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

To top