Обвинението за противправно лишување од слобода се однесува на настанот во автомобилот, кога Сара барала да ја пушти да излезе, но обвинетиот одбил и продолжил да вози со голема брзина.
Во меѓувреме, Сара е пуштена од болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но продолжува со испитувања на клиника во Скопје за да се утврди нејзината целосна здравствена состојба. Според првичните информации од болницата, таа имала повеќе повреди, хематоми и модринки.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави и проверка дали имало пропусти во полициското постапување во случајот.