Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп – кој денес пристигна на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) – на аеродромот во Шенжен.
Ова е гест со кој Си отстапи од вообичаената практика и протокол.
Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави.
Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што само по себе се сметаше за невообичаено високо ниво на почест.
Овој потег уследи откако, претходно оваа година, Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ (Joint Base Andrews) во Соединетите Држави.
Xi Jinping once again holds a welcoming ceremony for Trump as he arrives in China. pic.twitter.com/yntHotnlWv
— Clash Report (@clashreport) November 18, 2026