Регион

„Не требаше да го сторам тоа“

Ги разбира негативните реакции на граѓаните кои ја поддржуваат „Студентската листа“ во однос на нејзините постапки

Марија Радовановиќ, која истури јогурт врз главата на актерката и пратеничка од СНС, Лидија Вукиќевиќ, пред конститутивната седница на Народното собрание на Србија. изјави дека тоа била нејзина „емотивна реакција“.

„…на сè што оваа организирана криминална група направи во изминатиот период – на сите помилувања дадени на убијци и припадници на најлошите мафијашки кругови што ги собраа околу себе; на отсуството на одговорност за оние што загинаа под урнатата настрешница; на кражбата од овој народ, каква што не е видена досега; и на сè друго што направија“. изјави Радовановиќ.

Таа изјави дека нејзините постапки не претставуваат кривично дело, иако против неа ќе биде поднесена пријава за прекршок.

„Постапив несоодветно и сосема е во ред институциите да си ја вршат работата“, рече таа.

Во изјава за медиумите, таа нагласи дека нејзиниот потег не бил однапред исцениран перформанс, туку импулсивна реакција на сè што се случи во последно време.

На прашањето дали инцидентот бил однапред испланиран, Радовановиќ одговори:

„Апсолутно не. Едноставно си го понесов појадокот. Не знам дали забележавте како влезе – со каква ароганција помина покрај луѓето што се беа собрале, луѓе кои поминаа низ огромни маки. Сите ние поминавме низ тешки искушенија, а таа поминува со таква ароганција. Во тој момент, таа едноставно го олицетвори сето она што тие го претставуваат“, изјави Радовановиќ – која е поранешен секретар на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград – како што пренесува „Време“.
Дополнително додаде дека ги разбира негативните реакции на граѓаните кои ја поддржуваат „Студентската листа“ во однос на нејзините постапки.

Да потсетиме, непосредно пред почетокот на конститутивната седница на Народното собрание на Србија, Радовановиќ ѝ пријде на Лидија Вукиќевиќ, која се качуваше по скалите кон влезот во Собранието, и ѝ истури јогурт врз главата.

Најнови вести од: Регион

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top