Македонија

Дурмиши: Владата ќе разговара за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, ако биде доставен предлог!

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент, достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите, рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши.

На брифинг со новинарите, Дурмиши истакна дека ситуацијата со цените секојдневно се следи и постојано се вршат инспекциски контроли на терен.

-Ако според вработените во секторот од овој сегмент има предлог и ако цениме дека на крај треба да одиме со дополнителни политики или дополнителни мерки за да им излеземе во пресрет на граѓаните, да ги намалиме цените, односно да ги ограничиме маржите на прехранбените производи, тоа како тема ќе се отвори на владина седница. Ќе се дискутира и со кој процент да одиме, кој е подобар. Кога тоа ќе биде предлог доставен во Влада, кога ќе се дискутира и кога ќе се одлучи, јавноста ќе биде известена со одлуките што ќе ги преземеме, напомена министерот. .

Со досегашните владини мерки, потенцира, Македонија се соочила многу добро со кризата.

-Знаеме дека има зголемување на цените, но граѓаните не ја почувствуваа многу кризата колку што ја почувствуваа граѓаните во европските земји. И ова не е внатрешна криза, туку глобална. Имаме две светски војни кои влијаат врз цените во сите земји, не само во нашата. Македонија, според Меѓународниот монетарен фонд, е меѓу првите три држави во Европа што ги преземаа најдобрите мерки во однос на справувањето со кризата, споредено со бруто-домашен производ по граѓанин. Иимаме најевтина цена на горивото и најниска инфлација. Дали се фалиме? Не, ќе работиме и понатаму. Дали имаме зголемување на цените овој месец? Да, имаме, особено кај овошјето и зеленчукот зашто се сезонски производи и нормално дека во овој период секоја година има зголемување. И понатаму ќе преземаме мерки што ќе бидат соодветни, за да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го заштитиме животниот стандард, објасни Дурмиши.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Не е заборавено ниедно населено место! Над 100 милиони денари за инфраструктурата во Валандово, реконструкција и на патот Струмица -Валандово!

Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово.

To top