Јапонската премиерка Санае Такаичи, облечена во здолниште, мораше внимателно и со држење за трупот на авионот да слезе од владиниот специјален авион по пристигнувањето на аеродромот во Шенжен, Кина, на 18 ноември 2026 година, за да учествува на самитот на АПЕК. Разликата во висината меѓу вратата на авионот и скалите што ги обезбедила кинеската страна изнесувала околу 40 сантиметри.
这段韩国MBC新闻的大致内容翻译如下:
标题: 受辱的日本
日本首相(或高官)从专机上下来时,突然愣住了。
一眼就能看出来,楼梯太矮了。
和其他国家领导人抵达时的画面一对比,高度差大概有三倍之多。
登机梯是由主办方(也就是中方)负责调节高度并安装的。
穿着裙子的她,最后只能抓住机身、扭着身子勉强走下来。
而楼梯下面的场面,就更荒唐了。连韩国媒体都看不下去了,直接把日本、韩国、美国、加拿大领导人下飞机的画面摆在一起对比:别人都是规规矩矩走下来,就日本这位穿着裙子的女官员,面对中方特意准备的“迷你楼梯”,只能抓着机身、扭着身子往下蹭。
这哪是什么“技术疏忽”?登机梯高度这种最基础的礼宾细节,主办方说调就能调,说高就能高。结果偏偏给日本弄出个明显矮三截的,再配上红毯和仪仗队,活像在全世界面前表演一场“你先委屈一下”。
黑帮收保护费至少还讲点场面规矩,不会把客人逼到当众出丑还录像留念。这种事,连混社会的都嫌掉份,偏偏有人做得理直气壮。丢的不是日本的脸,是自己那点“大国气度”的底裤。— 菲菲4.0 (@meimei1935) November 20, 2026
Корејската телевизија МБЦ во свој извештај ги спореди снимките од слегувањето на лидерите од Јапонија, Јужна Кореја, САД и Канада. Додека другите лидери нормално и без проблеми слегоа по стандардни скали, јапонската премиерка мораше да се извитка и да се држи за авионот. Скалите ги регулира и поставува земјата-домаќин.
Во објавата на социјалната мрежа X што ја пренесува содржината на корејскиот извештај се нагласува дека ваквата разлика во висина не може да се објасни како обична техничка грешка, бидејќи домаќинот има целосна контрола над висината на скалите. Се посочува и на поширокиот контекст на постудениот прием на јапонската страна во споредба со другите делегации.
Такаичи има ревматоиден артритис и вештачки зглоб на едната нога, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста при слегувањето во здолниште и со високи потпетици. Јапонски политичари и медиуми го критикуваа распоредот, барајќи објаснување од кинеската страна, додека официјалниот Токио изјави дека на терен биле преземени мерки за безбедност и дека премиерката безбедно слегла од авионот.
Инцидентот предизвика реакции на социјалните мрежи и коментари за дипломатските односи меѓу двете земји во текот на самитот.