Македонија

Не се знае колку македонски студенти студираат во странство

Најголем интерес има за студии во Словенија, каде за само две години се запишале повеќе од 3.100 студенти

Државата нема увид, колку македонски студенти студираат на странските универзитети, иако секоја година илјадници млади наместо на некои од домашните универзитети, се запишуваат во странство, со што земјава ги губи оние кои треба да бидат нејзината иднина.

Најголем интерес има за студии во Словенија, каде за само две години се запишале повеќе од 3.100. Добар дел од нив воопшто не се враќаат назад, остануваат да живеат и работат во Словенија или во некоја друга европска држава.

Словенечките универзитети нудат бесплати студии за македонските, а од неодамна бесплатни се и постдипломските студии.

„Министерството за образование не располага со прецизни податоци за бројот на македонски студенти во странство, од причина што нема можност да го следи одливот на наши граѓани кои заминуваат во странство на сопствена иницијатива.

Располагаме со податоци за број на студенти кои добиле стипендија од МОН за студирање во странство, како на пример оние кои се запишани на некој од најдобрите 100 светски универзитети. Станува збор за 400 студенти на сите три циклуси на студии во периодот од 2010 година до сега“, велат од -Министерство за образование, пренесува Алсат М.

Македонските факултети последните години бележат драматичен пад на бројот на студенти. Професорите велат дека ова може да се промени со поголема вклученост на студентите во практична работа на компаниите, со поголеми стипендии, и повеќе можности за работа.

ПОВЕЌЕ на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

To top