Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Владата и АД ЕСМ подготвуваат финансиски модел за повторно вклучување на ТЕЦ „Неготино“ во производството на електрична енергија, а наскоро треба да почне и транспортот на јаглен од Косово за домашните термоцентрали. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево најави дека планот ги опфаќа сите домашни енергетски капацитети – ТЕЦ „Неготино“, блоковите на РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“ и хидроцентралите.

Мицкоски рече дека со раководството на АД ЕСМ е подготвен финансиски модел со кој производството од различните капацитети би се усогласувало во текот на годината. Според најавата, се очекува поволните хидролошки услови во текот на зимата да овозможат напролет и во остатокот од годината да се надоместат евентуалните загуби од декември и јануари.

  • Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“. Со раководството на АД ЕСМ, поранешно АД ЕЛЕМ, подготвивме финансиски модел што ги опфаќа ТЕЦ „Неготино“, блоковите во Битола, термоцентралата „Осломеј“ и хидроцентралите. Очекуваме поволни хидролошки услови во текот на зимата за загубите од зимскиот период да ги надоместиме напролет и во текот на годината – рече Мицкоски.

Премиерот тврди дека производството на струја во ТЕЦ „Неготино“ би било економски оправдано при сегашната цена на мазутот. Според неговите пресметки, производната цена би изнесувала од 170 до 175 евра за мегават-час, додека во одредени денови цените на берзите достигнувале од 400 до 500 евра за мегават-час.

  • Со сегашната цена на мазутот на берзите, производствената цена во ТЕЦ „Неготино“ би се движела од 170 до 175 евра за мегават-час. Во одредени денови цените на берзите достигнуваат и од 400 до 500 евра за мегават-час. Економскиот модел предвидува АД ЕСМ да заработува во одредени периоди од годината и од денот за да ги покрие очекуваните загуби во декември и јануари – изјави премиерот.

Мицкоски најави и дека ќе почне транспортот на јаглен од Косово. Според него, договорено е во период од три години од таму да се ископаат и донесат во земјава вкупно три милиони тони јаглен, по цена што, како што рече, е значително пониска од цената на јагленот што моментално се набавува од други соседни земји.

  • Планот е остварлив. Ќе почне и транспортот на јаглен од Косово. Имаме договор во наредните три години таму да ископаме три милиони тони јаглен и да го донесеме кај нас. Цената е многу пониска од цената на јагленот што во моментов се носи од другите соседни земји. Кога ќе се согледа целиот план, мислам дека сме на добар пат – истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

“Комерцијална” влегува во трка за купување на „Алта банка“

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку акциите не се продадат, предвидени се дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена на секоја следна аукција ќе се намалува за 10 проценти во однос на претходната

Николоски пред Јапонската надворешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од регионот

На средбата истакна дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка.

To top