Македонија

Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука

На денешен ден во 1908 година во Битола, учесниците на историскиот Битолски Конгрес едногласно ја прифатија одлуката на Комисија за азбуката која утврди унифицирана албанска азбука

Со повеќе програмски активности Националната установа Музеј на Албанската азбука, денеска го одбележува 22 ноември, денот кога во 1908 година во Битола, учесниците на историскиот Битолски Конгрес едногласно ја прифатија одлуката на Комисија за азбуката која утврди унифицирана Албанска азбука.

На Битолскиот Конгрес во 1908 година учествувале 32 делегати од Битолскиот, Скадарскиот, Јанинскиот и Косовскиот вилает, како и поединци интелектуалци од Софија, Букурешт, Констанца, од Скопје, Ресен, Охрид, Дебар, Корча, Елбасан и други градови, кои на крајот од Конгресот утврдија решение за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.

„Одбележувањето на Денот на Албанската азбука се одвива неколку денови со пригодни манифестации, поетски читања, изложба, научна конференција и присуство на бројни посетители од државата и странство кои ги погледнаа постојаната изложбена поставка во Музејот со 51 фотографии на кои се претставени личностите кои придонесле за развојот на албанската азбука, потоа восочните фигури на членовите на комисијата, фотографии на личности учесници на Битолскиот конгрес и 58 документи меѓу кои автентична копија од Одлуката за прогласување на азбуката на албанскиот јазик, потпишана од учесниците на конгресот, изјави за МИА, Нуер Арслани, директор на НУ Музеј на Албанската азбука Битола.

Во текот на денот, во Битола ќе престојуваат високи делегации од државата и странство кои ќе го посетат Музејот на Албанската азбука и воедно ќе го прослават 22 ноември, денот кој од 2007 година во земјава се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница. 

Денешниот ден е нареботен за припадниците на албанската заедница.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

To top