Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни мерки за младите. Првата, како што рече, е поевтини станови за млади брачни двојки до 35 години, за 20 проценти.

  • Сакам да објавам три мерки, проекти за младите, кои ценам дека ќе ги решат најважните прашања кај младите – а тоа се егзистенцијата и домувањето. Нашата борба е со проекти и дела. Првата мерка којашто денеска ќе ја објавам, а којашто наскоро ќе се најде како закон пред пратениците е мерка во која ниту една градежна компанија што има намера да гради станбени единици, згради, без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена – нагласи Мицкоски.

Тој порача дека тоа е негова порака до сите градежни компании и оти по донесувањето на овој закон нема веќе дозволи за градење, нема веќе бетонизација, туку ќе биде хумано градење и домување, а за младите брачни двојки до 35 години 10 проценти од станбените единици, минимум 20 проценти попуст од секој метар квадратен во зградата.

  • И ова ќе биде регулирано со закон, има политички партии што се обидуваат да прават естрада дека требало од буџетот да субвенционираме еден, два проценти од каматните стапки. Не еден, два, туку минимум 20 проценти пониска цена. Ова е вистинска мерка – порача Мицкоски.

Тој најави уште една важна мерка за младите а тоа е дека брачни двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии за градење куќа.

  • Втората мерка за млади до 35 години е за секој оној кој ќе гради дом или своја куќа каде што ќе го гради своето семејство, преку закон повторно пред македонскиот парламент ќе донесеме одлука со којашто општините нема да плаќаат комуналии – рече Мицкоски.

Тој кажа дека тоа ќе се однесува на целата територија на Македонија.

  • За куќа, за брачен пар до 35 години општините нема да наплаќаат комуналии. На цела територија на Македонија. Не еден процент субвенција во каматната стапка, не два процента, не три проценти. Нула комуналии за сите брачни парови до 35 години што ќе се одлучат да градат куќа, свој дом – нагласи Мицкоски.

Тој се обрати на 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија. На младите им порача дека постојат генерации кои добиваат можност да направат нешто поголемо од себе, нешто што ќе остане и по нив, нешто што ќе биде темел врз кој ќе продолжат да градат генерациите што доаѓаат.

  • Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ има своја историја, традиција и генерации луѓе кои поминале низ нејзините редови. Но секоја организација, колку и да е долга нејзината историја, мора постојано да си го поставува прашањето што создава денес и какви луѓе подготвува за утре. Нашата генерација, Вашата генерација е она што го оставаме за нашата Македонија – порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

Најнови вести

To top