„На 22 ноември 2026 година, во 13:30 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово – во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – го лишија од слобода М.Б. (31) од селото Челопек, тетовско. Лишувањето од слобода е извршено врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за кривично дело сторено според член 386, став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во затворот во Тетово на издржување на казната“, наведуваат од МВР.