Информациите велат дека петтемина уапсени, четворица во Македонија и еден во Грција, отслужиле долги казни во Турција за шверц со дрога и оружје. Нивни траги се пронајдени и во Австрија, Холандија и Белгија, каде што префрлиле големи количини дрога, главно хероин. Постојат докази дека еден од нив учествувал во нападот врз полициска станица кај селото Гошинце во Македонија, во близина на границата со Косово.

Инаку, инцидентот во Гошинце се случи на 21 април 2015 година, кога група од околу 40 лица од групата на УЧК ја нападнала граничната полициска станица кај Гошинце. Тогаш групата ги заробила четворицата македонски полицајци на должност. Според полицијата, напаѓачите носеле камуфлажни униформи со ознаки на Ослободителната војска на Косово (УЧК) и разговарале меѓусебно на албански јазик. Според сведочењата на тогаш заробените гранични полицајци, водачот на групата, која ги нападнала, им имал кажано: „Ние сме од УЧК. Сакаме наша албанска држава, никакви Охридски договори!“
Се верува дека планот за атентат врз грчкиот бизнисмен од еврејско потекло го подготвиле иранските тајни служби, иако иранската амбасада во Атина ги негираше овие обвинувања. Тој беше осуетен од разузнавачките служби на Македонија и Грција врз основа на информации добиени од странски разузнавачки служби, а поточно, барем според публикациите во Израел, тоа била израелската разузнавачка агенција Мосад.
„Нетпрес“