Македонија

Филипче го праша ЕУ-амбасадорот Рокас: Дали СДСМ се предавници?! Има ли предавство зад уставните измени, или нема?!

-Предавнички ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош – рече вознемирениот Филипче. -И сега ќе го повикам тука напомош и можеби да коментира во даден момент […]

-Предавнички ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош – рече вознемирениот Филипче.

-И сега ќе го повикам тука напомош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен, која рече дека нè чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 2024, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода – оцени со голема доза на Фројдов комплекс Филипче при расправата за веќе бајатиот и апсолвиран Извештај на ЕК.

Тој оикофобно се пожали и си измисли дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинувала и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Филипче потсети на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик, порака во која таа зборуваше за некаков идентитет на некоја си Северна Македонија и никаде не спомна МАКЕДОНСКИ, ни пред идентитет, пред јазик уште помалку.

Филипче јавно и јасно побара странска интервенција и без заддршка си кажа дека на Македонија (читај на СДСМ) и била потребна помош од ЕУ во соочувањето со измислената од СДС пропаганда со која власта демек со години ги претставувала чекорите кон членство во ЕУ како предавство.

-Предавнички ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош – рече вознемирениот Филипче.

На социјалните мрежи веднаш се појави иницијатива, да се направи анкета за да Филипче дознае од народот и македонските граѓани што мислат за СДС и него, не Рокас, адресата му е погрешна ценат граѓаните. Прашањето би било токму онака како што го формулираше „лидерот“ на СДС:

„Има ли предавство зад уставните измени или нема?“

Што мислите вие, како ќе помине оваа анкета?

Најнови вести од: Македонија

Основањето огранок на МНЛД на 23.11.1903 во Софија – силен изблик на македонската идентитетска самобитност во срцето на бугарската држава! (1)

На денешен ден, на 23 ноември 1903 година десеттина македонски интелектуалци и револуционери, предводени од Крсте Мисирков и неговите најблиски соработници Стефан Дедов, Јован Ангелов и Димитар Мирасчиев, го создаваат во Софија огранокот на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург, Русија. Само по два дена бугарската полиција брутално го растура огранокот: ноќта на 25 ноември ги уапсила членовите. Мисирков, испретепан, морал да бега во Русија. Без оглед што тој огранок траел само два дена, ова е особено значаен датум во македонската национална, политичка и културна историја. Тој ден пред 123 години во срцето на бугарската држава, која го негирала самото постоење на македонскиот народ со неговиот идентитет и јазик,  се случил силен изблик и проблесок на македонската национална, идентитетска, јазична и историска посебност и самобитност! Основајќи го софискиот огранок на МНЛД во Софија, Мисирков и македонските интелектуалци околу него им испратиле индиректна и моќна порака на тогашните бугарски властодршци и политички кругови: ние сме Македонци, а не Бугари, и дејствуваме според своја македонска политичка волја во средиштето на вашата држава! Тоа била порака и за Грците и Србите дека Македонците се Македонци и ништо друго.

Силјановска Давкова: Не е искрен секој, што тврди дека се работи само за уставни измени! – Соседите да не ни ја одложуваат ЕУ-перспективата на неодредено!

Недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување и на нашиот пат кон ЕУ, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, како и отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и во самиот процес – се дел од димензиите важни за напредокот на […]

Мицкоски: Ќе бидам премиер уште една година! – Следните парламентарни избори во април 2028 !

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година. Целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е да слушнеме од граѓаните што е тоа што недостасува и да се подобриме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали најавената кампања на ВМРО ДПМНЕ е подготовка на предвремени избори.

To top