Бизнис

Славески: Со приклучување кон клонот на ТИПС, правиме уште еден историски чекор во модернизацијата на домашниот платен систем

Гувернерот нагласи дека Народна банка останува посветена на натамошна модернизација на домашната платежна инфраструктура преку развој на дополнителни дигитални услуги врз инфраструктурата за инстант плаќања, кои ќе овозможат поедноставно и подостапно прифаќање на инстант плаќањата, особено од страна на трговците и малите бизниси, ќе ја поддржат дигитализацијата на приватниот и на јавниот сектор и ќе создадат услови за нови пазарни иновации.

Со приклучувањето кон клонот ТИПС, нашата земја прави значаен историски чекор во модернизацијата на националната платна инфраструктура и усогласувањето со европските стандарди за домашните плаќања, во директна полза на  граѓаните и компаниите. Оваа иницијатива е многу повеќе од технолошка модернизација на платниот систем. Со неа се придонесува за спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар на Западен Балкан и се унапредуваат приоритетите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, потврдувајќи ја нашата посветеност на европската агенда. Со модернизирање на националните платни системи, го зајакнуваме нашиот пат кон целосна европска интеграција, со крајна цел подобрување на животниот стандард и поттикнување одржлив економски просперитет, истакна гувернерот Трајко Славески во своето обраќање во Банката на Италија пред гувернерот Фабио Панета, каде што заедно со гувернерите од Западен Балкан го одбележаа заокружувањето на процесот  на воспоставување на регионалната платформа на клонот на ТИПС.

Славески потенцира дека со овој чин се отвора ново поглавје во модернизацијата на платежната инфраструктура во нашата земја и во регионот, а инстант плаќањата стануваат реалност, 24 часа дневно, седум дена во неделата.

Гувернерот, во своето обраќање, упати благодарност за поддршката на оваа иницијатива до Европската централна банка, до Банката на Италија и гувернерот Фабио Панета, до Светската банка, до гувернерите и централните банки од регионот и тимот на Народната банка кои придонесоа оваа иницијатива да стане реалност.

Упатувајќи на симболиката на Рим, како град со вековна традиција на поврзување на народите и економиите, гувернерот Славески ја истакна важноста на заедништвото како клуч на општествениот напредок. „Од патиштата што некогаш ги поврзувале оддалечените делови на римскиот свет, па сè до финансиските врски што ги градиме денес, основната идеја останува иста: напредокот се постигнува преку поврзување на луѓето. Преку клонот на ТИПС ѝ даваме на оваа идеја нова европска димензија, зајакнувајќи ги врските меѓу нашите економии и приближувајќи ги инстант плаќањата до граѓаните и компаниите од Западен Балкан“, посочи Славески, потенцирајќи дека овој настан ја одразува и силата на регионалното партнерство со оглед на тоа дека пет централни банки работеа заедно, водени од заедничка визија и решеност да им ги овозможат придобивките од инстант плаќањата на граѓаните и компаниите.

Осврнувајќи се на досегашните резултати од модернизацијата на платниот систем, гувернерот истакна дека приклучувањето кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) веќе донесе значајни и мерливи придобивки за граѓаните и компаниите. Надоместоците за прекуграничните плаќања преку СЕПА се намалени шестпати за граѓаните и деветпати за компаниите, а заштедите за економијата во првата година од оперативното учество се проценуваат на повеќе од 5 милиони евра.

  • „Како што римските патишта некогаш ги поврзувале далечните земји и отворале нови хоризонти, така денес ги градиме дигиталните мостови што ќе ги поврзат граѓаните, бизнисите и економиите“, истакна гувернерот Славески.

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка останува посветена на натамошна модернизација на домашната платежна инфраструктура преку развој на дополнителни дигитални услуги врз инфраструктурата за инстант плаќања, кои ќе овозможат поедноставно и подостапно прифаќање на инстант плаќањата, особено од страна на трговците и малите бизниси, ќе ја поддржат дигитализацијата на приватниот и на јавниот сектор и ќе создадат услови за нови пазарни иновации.

Најнови вести од: Бизнис

Азески на регионален бизнис-форум: Го поврзуваме стопанството и градиме партнерства

Во рамки на Форумот, се потпиша и Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Војводина, за кој претседателот Азески вели дека  не е само уште еден е протоколарен чин.

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

Денес, со над 1.500 информирани посетители зад себе, Центарот ја потврдува оправданоста на оваа иницијатива. За полесен пристап до стручни совети, бесплатните консултации отсега може да се закажат и онлајн, преку веб-страницата на „Реплек“

Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029, автопатот Кичево-Охрид до втората половина на 2027, потврди премиерот

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

To top