Наводниот проектот „Совелмаш“ (СОВЭЛМАШ), поврзан со технологијата за електродвигатели на извесен Дмитриј Дујунов и финансиран преку платформата SolarGroup (SOLARGROUP), ги лаже македонските граѓани и привлекува инвеститори со ветувања за високи приноси преку „колективно инвестирање“ и купување виртуелни удели.
За тие што веќе дале пари за жал шансите истите да ги оплодат се нула.
Македонската Комисија за хартии од вредност (КХВ) уште порано издаде официјално предупредување: вложувачите немаат законска заштита, а начинот на регрутирање нови членови има карактеристики на пирамидална шема. Компанијата не е регулирана ниту во Македонија, ниту од реномирани европски институции.
Централната банка на Русија го вклучи SolarGroup (заедно со поврзани имиња) на својата листа на субјекти со знаци на незаконско привлекување инвестиции. Независни аналитичари и платформи за проверка на брокери ја означуваат како нерегулирана со висок ризик од целосно губење на парите. Моделот вклучува повеќестепена реферална програма, каде што наградите зависат од привлекување нови инвеститори, додека реалното производство и приходите од продажба остануваат ограничени со години.
Експертите предупредуваат дека ваквите шеми често завршуваат со загуби за подоцнежните учесници. Граѓаните се повикуваат на претпазливост и да се информираат кај официјални регулатори пред какво било вложување.
Некои од наивните македонски граѓани попусто се надеваат дека ќе заработат лесно.
,,Фабриката веќе започна со работа, но нема апсолутно никаква трага од дивидендите што ни беа ветени – а камоли од враќање на главницата. Вложивме средства, но за возврат не добивме ништо. Ги плативме нашите удели во „Совелмаш“ со големи лични жртви – помагајќи да се заврши изградбата на таа фабрика – но не добивме апсолутно ништо за возврат. Како може да се очекува од нас повторно да вложиме, кога не исплатија ниту денар на оние од нас кои веќе купија удели? Кажете ни тогаш: кога ќе ни бидат исплатени средствата? Само тогаш ние – а и сите останати – би можеле да размислиме за повторно вложување. И, ако добро се сеќавам, помина многу долго време откако беа ветени уделите и исплатите, зарем не”, пишува С.Д. од град од Источна Македонија.
Наводниот агент на Совелмаш и дава брз одговор без да и каже кога ќе се врати инвестицијата.
,,Нема брзи пари тука .
Процесот на развој мора да помине .
Парите ке дојдат и тоа на голема врата”.
,,С.Д. соберете ги сите документи и цела конверзација која што ја имате со господава, и поставете ги истите овие прашања во надлежна институција.. господинов ке ви даде одговор за секое можно прашање кое што би му го поставиле, единствено пари нема да видете никогаш, секогаш ќе има ново и ново објаснување…”, сугерира еден од коментаторите на дебатата на Фејсбук кој очигледно веднаш разбрал дека се работи за имама.
На секој малку упатен му е јасно дека секој што размислува да вложи пари преку вакви линкови се соочува со сериозни финансиски и правни ризици затоа што начинот на регрутирање преку кафеанска слика на Фејсбук на секој потенцијален нов член треба да му даде јасна карактеристика на пирамидална шема.
Финансиските платформи за проверка како BrokerChooser го означуваат овој ,,проект” како нерегулирана платформа со висок ризик од губење на парите.
Финансиските регулатори и независните аналитичари го означија SolarGroup како пирамидална шема со висок ризик, а Централната банка на Русија го додаде SolarGroup на својата црна листа на нелегални финансиски оператори.
Предходно сличните пирамидални шеми како Лајконет или Лајонес кои ги промовораше Зоран Витанов оставија илјадници македонски граѓани кои се надеваа на лесна заработка без милиони евра.