Сите државни патишта се проодни и сообраќајот се одвива непречено, но по претежно влажни коловози.
Поради густа магла, видливоста на планинскиот превој Стража е намалена на околу 100 метри, соопштија од Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Од претпријатието дополнително предупредуваат дека на одделни патни правци што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на поситни одрони.
Возачите се повикуваат да управуваат внимателно, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на постојните услови на патот.