Македонија

Фото на денот: Сонцето од Кутлеш на прославата на Бродмидоу меџик во Австралија

Најпријатното изненадување во Австралиското првенство во фудбал ги израдува Македонците со пласманот во четвртфиналето

Националното знаме на Македонците со Сонцето од Кутлеш ја украси прославата на големиот успех на Бродмидоу меџик, најпријатното изненадување во Австралиското првенство во фудбал, кој се пласира во четвртфиналето на второто натпреварување по ранг на петтиот континент.

Клубот формиран од македонската заедница во 1966 година како Њукасл Македонија, кој и во клупскиот грб го содржи 16-кракото македонско сонце што три години во почетокот на 1990-тите беше и официјално знаме на Република Македонија, славеше со 5:1 на гостувањето кај Аделаида Сити и го освои првото место во групата Б.

Со тоа Бродмидоу меџик се избори да биде домаќин на единствениот четвртфинален дуел со Квинсленд лајонс на 27 ноември од 9:30 часот по средноевропско време.

Ден подоцна од 5 ч. и другиот тим на Македонците од Австралија, Престон лајонс, ќе игра на свој терен за место меѓу четирите најдобри екипи во Австралискиот шампионат против Вестс АПИА.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

Филипче го праша ЕУ-амбасадорот Рокас: Дали СДСМ се предавници?! Има ли предавство зад уставните измени, или нема?!

Претседателот на СДС Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, упати прашање до евроамбасадорот Михалис Рокас, дали уставните измени навистина претставуваат предавство или е, наводно, „лажна пропаганда со која Мицкоски и ВМРО со години ги манипулираат и лажат граѓаните и ја држат државата во изолација“.

To top