Бизнис

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз

 

Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за сите љубители на инстант лотаријата да освојат вредни парични добивки преку едноставна и динамична игра. Со богат фонд на добивки, овој лоз е создаден за оние што сакаат неизвесност, адреналин и шанса за освојување на среќна добивкаво само неколку потези.

Во фондот на добивки се издвојуваат 10 премии од по 300.000 денари, 20 добивки од по 100.000 денари и 20 добивки од по 50.000 денари, заедно со многубројни други парични добивки,кои чекаат да бидат откриени.

За да се оствари добивка, потребно е во полето „Игра“ да се пронајде симболот прстен. Во тој случај, играчот ја освојува добивката наведена во истиот ред во полето „Добивка“. Секој откриен прстен претставува нова можност за освоена парична добивка.

Она што го прави лозот „Дијамант“ уште поатрактивен е специјалниот симбол дијамант. Доколку во полето „Игра“ се појави овој симбол, добивката наведена во истиот ред се удвојува. На тој начин, играчите добиваат дополнителна шанса да освојат уште поголеми износи и да ја зголемат вредноста на својата добивка.

Возбудата не завршува тука. На еден лоз „Дијамант“ може да се остварат дури до 10 добивки, што ја прави играта една од најдинамичните во понудата на инстант лозови. Со секое ново откриено поле расте неизвесноста, а со неа и можноста за повеќекратни добивки на истиот лоз.

Комбинацијата од високи парични добивки, едноставни правила и можноста за удвојување на добивките, го прават „Дијамант“ привлечен избор за сите што сакаат веднаш да ја проверат својата среќа. 

Повеќе информации за инстант лозот „Дијамант“, правилата на играта и фондот на добивки, се достапни на официјалната веб-страница: www.loto.mk/GrebGreb. 

Игрите на среќа не се наменети за лица под 18-годишна возраст. Играјте одговорно.

Најнови вести од: Бизнис

Азески на регионален бизнис-форум: Го поврзуваме стопанството и градиме партнерства

Во рамки на Форумот, се потпиша и Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Војводина, за кој претседателот Азески вели дека  не е само уште еден е протоколарен чин.

Славески: Со приклучување кон клонот на ТИПС, правиме уште еден историски чекор во модернизацијата на домашниот платен систем

Гувернерот нагласи дека Народна банка останува посветена на натамошна модернизација на домашната платежна инфраструктура преку развој на дополнителни дигитални услуги врз инфраструктурата за инстант плаќања, кои ќе овозможат поедноставно и подостапно прифаќање на инстант плаќањата, особено од страна на трговците и малите бизниси, ќе ја поддржат дигитализацијата на приватниот и на јавниот сектор и ќе создадат услови за нови пазарни иновации.

To top