Хроника

Таткото и двете ќерки со кравите добија кривична за претепување 67-годишна жена во Крива Паланка

Случајот е поврзан со долгогодишниот проблем со кравите

Таткото и неговите две ќерки од кривопаланечкото село Жидилово добија кривична пријава поради сомнение дека претепале 67-годишна жена од соседското село Дрење. Инцидентот се случил по расправија поврзана со добитокот што слободно се движел во околината.

Според информациите од МВР, на 21 ноември 2026 година, околу 9 часот, додека жената го напасувала својот добиток, пријавените лица најпрво влегле во расправија со неа, а потоа физички ја нападнале и ѝ нанеле тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка. ОВР Крива Паланка поднело кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31) за сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Најнови вести од: Хроника

Тетовчанка пријавила долгогодишно семејно насилство и закани со оружје од нејзиниот сопруг, кој е уапсен!

Четириесетгодишен маж од Тетово е уапсен откако неговата сопруга пријавила дека подолг временски период била жртва на физичко насилство и закани со огнено оружје.

Граничните полицајци Х.К. и Ј.К. зеле мито од двајца турски државјани – заработија кривична пријава и суспензија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Х.К. и Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Најнови вести

To top