Сообраќајна незгода се случи вечерва во скопската населба Автокоманда. До судирот дошло на крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улицата „16-та Македонска бригада“.
Во незгодата учествувале патничко возило и мотоцикл на доставувач на храна.
На местото на настанот веќе се присутни полициски екипи кои вршат увид и ги утврдуваат околностите под кои дошло до судирот.
Засега нема официјални информации дали во незгодата има повредени лица. Се очекуваат дополнителни детали од Министерството за внатрешни работи.
View this post on Instagram